Kласен раководител делел свидетелства наместо да седи во задолжителна самоизолација

176

Против 46-годишен наставник во Кичево поднесена е кривична пријава поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, пренесува Макфакс.

Од МВР информираат дека тој, во својство на професор и класен раководител во основно училиште во Кичево, на учениците од класот, им доделил свидетелства иако знаел дека потпишал изјава за задолжителна самоизолација.