Краткотрајно убаво време денеска и утре: Обилни врнежи и локално невреме ни претстои викендов

176

Денеска и во петок во Македонија ќе имаме постабилна aтмосфера. Времето ќе биде сончево и топло насекаде со мала локална облачност и со слаб до умерен, а денеска особено Долж Повардаието повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Сепак во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до околу 30 степени. Во Скопје до околу 28 степени.

За време на викендот се враќа големата нестабилност во Македонија која ќе донесе нови обилни врнежи од дожд на повеќе места и локално невреме, прогнозира Попоски.