Мијалков од денеска е на слобода – поради доброто поведение излезе 11 месеци порано

101

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е на слобода, бидејќи утринава излезе од затворот во Струга.

Тој доби предвремен прекин на затворската казна која му истекуваше догодина, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Ова одлука пред неколку дена ја донесе скопскиот Апелационен суд во Скопје по решението за жалба на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје.

Мијалков издржуваше тригодишна казна затвор за случајот ,,Империја”, која му истекуваше во април следната година. Тој по спогодбата во струшкиот затвор влезе на 22 август 2022 година, а во казната му се засметуваат и четирите месеци кои претходно ги помина во притвор.

Со условниот отпуст од Кривичен суд требаше да излезе во декември, но Апелација му скрати уште неколку месеци од казната.

Апелација претходно укина три пресуди против Мијалков за случаите „Трезор”, „Таргет- Тврдина“ за прислушувањето и „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Со измените на Кривичниот законик, тој и дефинитивно се спаси од казна затвор за „Таргет- Тврдина“ и „Титаник 2“, а „Трезор“, застарува годинава.

Мијалков беше осуден на казна затвор од една година и три месеци за ,,Плацеви на Водно”, но казната затвор од една година и три месеци Апелација му ја замени со условна.