Светот нека се преврти, таа ќе продолжи да си живее тука

346

Аја Софија во Истанбул е изградена во 537 година и во меѓувреме била многу нешта – од православна црква до католичка катедрала, па отоманска џамија и музеј.

Годинава турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган донесе декрет со кој повторно статусот на Аја Софија го враќа на џамија. Оваа одлука е контроверзна и на неа реагираше Унеско, Светскиот совет на црквите и многу странски лидери. Но, што и да се случи со овој објект, за една мачка – сосема обична истанбулска мачка Аја Софија ќе биде нејзин дом.

Таа има став на кралица и живее во прастариот објект последниве 16 години дочекувајќи ги и испраќајќи ги туристите од секаде од светот.