АНКЕТА: Дали би плаќале претплата на Фејсбук и Инстаграм?

9587

Како одговор на зголемените европски регулативи за заштита на податоците на корисниците, Мета ќе понуди претплатничка услуга без реклами за корисниците во Европа. Цената на претплатата варира во зависност од платформата.

Мета најави нова опција за претплата која им овозможува на корисниците во Европа пристап до Facebook и Instagram без реклами.

Услугата за претплата ќе биде достапна од ноември, по цена од 9,99 евра месечно за пристап преку веб и 12,99 евра месечно за пристап на уредите со Android и iOS. Оваа опција ќе биде достапна за сите во Европската унија, Европската економска област и Швајцарија.

Како причина за ваквата одлука, компанијата ги посочи сè поригорозните регулативи во Европа во однос на собирањето и користењето на корисничките податоци. Во блог пост во понеделникот, Мета ја цитираше одлуката од јули на Судот на правдата на Европската унија, која сугерираше дека компаниите треба да ги разгледаат алтернативните опции за услуги „доколку е потребно, за соодветен надомест“.

 

Дали би плаќале претплата на Фејсбук и Инстаграм?