Примамливо зар не? Ова е најопасното сирење во светот – може да ги продупчи човечките црева/ВИДЕО

463

Гинисовата книга на рекорди го прогласи сирењето Каса Марза за најопасното сирење на светот бидејќи содржи црви и јајца од муви кои му даваат посебна текстура.
Овој посебен вид овчо сирење традиционално го произведуваат овчарите во Сардинија. Сирните мушички ги несат јајцата во пукнатините што се формираат во сирењето кога стои.

Црвите излегуваат и поминуваат низ сирењето, обезбедувајќи протеини и вишок маснотии. Кога сирењето е готово, за конзумирање доволно е да се откине горниот дел што е недопрен од црви и да се изтрие со лажица.

Некои ќе чекаат инсектите да го остават сирењето, додека други ќе го консумираат заедно со црвите, објаснувајќи како тие даваат посебна арома.

Велат дека сирењето има вкус кој потсетува на медитеранските пасишта, а неговиот вкус се задржува во устата со часови.

Сирењето не може да се купи во слободна продажба, бидејќи се смета за нехигиенско и лошо по здравјето. Сепак, локалното население во Сардинија ужива во ова сирење.

Здравствените експерти истакнуваат дека црвите би можеле да преживеат во органите за варење и да создадат микро перфорации во цревата. Но, наводно, таков случај не е евидентиран.

И покрај предупредувањата, авантуристите на Сардинија успеваат да го пронајдат сирењето Casa Marza „под тезга“, како и да уживаат во специфичниот вкус на ова сирење.