Заврши израелската операција на Западниот Брег – има мртви и ранети

569

Израелската армија денеска соопшти дека ја завршила дводневната операција на Западниот Брег, во која загинаа 12 Палестинци, а 25 се ранети, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Во израелски напад врз Џенин, загинаа најмалку седум лица, меѓу кои хирург и наставник, објавија во вторникот палестинските власти. Последиците од израелската војна во Газа се шират во регионот, а денеска ракета падна во Црвеното Море, но нема штета, пренесува АП.

Либанските медиуми денеска јавија дека едно лице загинало, а тројца студенти се ранети во напад на израелско беспилотно летало. Повеќе од 400 луѓе се убиени во Либан откако Израел и Хезболах почнаа да разменуваат оган еден ден по почетокот на конфликтот во Газа.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека од почетокот на израелската агресија досега се убиени најмалку 35.700 Палестинци, а повеќе од 79.000 се ранети. Според информациите на ОН, 900.000 луѓе биле принудени да го напуштат градот Рафах откако Израел започна офанзива против градот. Израел ја започна својата војна во Газа по нападот на Хамас на 7 октомври во кој милитантите навлегоа во јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи околу 250.