Политико: Сунак распиша избори бидејќи ситуацијата за него може само да се влоши

154

Порталот Политико објави анализа според која британскиот премиер Риши Сунак, имал неколку причини за неочекувано распишување национални избори, а дека главна причина веројатно била оценката дека политичката ситуација за него може само да се влоши до редовниот мандат.

Законскиот рок за распишување избори е јануари 2025 година, а според анкетата на „Политико“, неговата Конзервативна партија во моментов има поддршка од 23 отсто од гласачите, што е речиси двојно повеќе од Лабуристичката партија која има 44 отсто.

Во таква ситуација, Сунак веројатно оцени дека најдобар момент за избори е летото, по кое ситуацијата може само да се влоши, а кога можеби ќе добие поддршка поради некои резултати на неговата влада, пишува „Политико“.