Твитер (Х) забранува објави доколку содржат зборови кои се сметаат за навреда на оваа социјална мрежа, а еден збор крена посебна прашина деновиве.

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, минатата година напиша дека зборовите „cis“ и „cisgender“ се сметаат за навреди на оваа платформа.

Овие зборови опишуваат, како што често се објаснува накратко, личност чиј пол одговара на полот што го имаат при раѓањето и кој ги исполнува родовите улоги кои се во согласност со општествените норми.

Пред неколку дена, оваа социјална мрежа објави официјално предупредување кое укажува кои зборови се сметаат за навреда.

Како што објави TechCrunch, корисниците кои се обиделе да објават нешто на Твитер користејќи ги зборовите „cis“ или „cisgender“ добиле предупредување.

  • Објавата содржи зборови кои може да се сметаат за навреди, а се користат за кршење на правилата на платформата, им порача Твитер.

Што мислите, дали „cisgender“ е погрден термин?