Светот на шоубизот го потресе веста за наводниот развод на една од најпопуларните славни парови.

  • Готово е, се разведуваат и овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа, вели инсајдер за „In Touch“.

Фановите веќе забележаа дека Бен и Џенифер не поминуваат некое време заедно. Актерот не присуствуваше на Мет Гала со сопругата на 6 мај, и покрај нејзината важна позиција на настанот. Официјалното оправдување на Бен за неприсуството на Мет Гала беше дека бил „зафатен со снимањето на „Сметководител 2“, но извор за „In Touch“ тврди дека тој одлучил да се разведе од славната пејачка.

  • Сега тој е фокусиран на работата и неговите деца. Бен веќе се исели и веројатно ќе ја продаде својата куќа од соништата, која ја бараа цели две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира него и тој не може да се промени. Немаше шанси ова да трае, тврди изворот.