Тортиљата од ТикТок стана хит, потребни ви се само две состојки/ВИДЕО

186

Потребни ви се само две состојки за оваа вирална тортиља – свежа урда и јајца.Откако ќе се испечат, наполнете ги со состојки по избор – од салата и салама до месо и разни сосови.

За тортиљата треба да изблендирате 200 гр свежо сирење и две јајца.Додадете половина лажичка лук во прав, половина лажичка кромид во прав и лажичка и половина од мешани зачини по желба.

Секако, состојките можете да ги прилагодите на својот вкус и да додадете некој друг зачин, а на крајот сето тоа убаво измешајте го во блендер, а потоа смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење.

Убаво распоредете ја смесата, па ставете ја во рерна и печете ја 40 минути на 180 степени.

Подоцна од тортиљата можете да направите фин сендвич со состојки по ваш избор.

@wendyg_official OMG this cottage cheese flatbread wrap was insane! You have to try this 👏🏼👏🏼 #cottagecheese #flatbread #cottagecheeseflatbread #garlic #ham #lettuce #recipe #lowfat #protein #slimmingworld #dressing ♬ food music – Receitas Brasil