СОНОТ ЗА ДВОЈНА КРУНА СЕ СРУШИ: Јунајтед го „прегази“ Сити и го освои трофејот во ФА Купот!

310

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија значајна победа освојувајќи го овосезонскиот ФА Куп, победувајќи го градскиот ривал Манчестер Сити во финалниот натпревар со резултат 2:1. Со оваа победа избраниците на Ерик Тен Хаг успеаја да ја спасат сезоната, особено откако го надиграа актуелниот шампион во Премиер лигата.

Возбудливата игра го донесе првиот гол во 30. минута кога Гаранко ја погоди мрежата, а на овој гол му претходеше голема грешка на страната на Јошко Гвардиол. Овој неочекуван момент донесе дополнителна тензија на веќе возбудлив натпревар, додека Манчестер Јунајтед успеа да ја искористи оваа можност и да дојде до предност.