Зеленски по нападот на Харков: Ги повикувам светските лидери да ни обезбедат поголема заштита

471

По смртоносниот напад на руските сили на хипермаркет во Харков, украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ги повика светските лидери да и обезбедат поголема заштита на неговата земја од воздушни напади.

„Кога им кажуваме на светските лидери дека Украина бара соодветна заштита од воздушни напади, дека е потребна вистинска решителност за да се обезбеди ефикасна заштита на животите на нашите граѓани и дека руските терористи не можат ниту да се приближат до нашите граници, ние буквално зборуваме како да не дозволиме такви терористички напади“, рече Зеленски во изјавата, пренесе Киев Индипендент.

Најмалку две лица загинаа, а 33 се повредени во нападот, соопштија украинските власти. Двајцата убиени биле работници во хипермаркет.

Во објава на Телеграм, гувернерот на Харковската област Олех Синегубов рече дека две руски наведувани бомби ја погодиле зградата, при што загинале двајца и предизвикале пожар од 15.000 квадратни метри.

– Да имавме посоодветни современи системи за заштита од воздушни напади и авиони, руската воздушна флота веќе ќе го претрпеше истиот колапс како и нивната црноморска флота. А, рускиот тероризам едноставно би станал невозможен – додаде тој.