Се чини дека градот не нуди повеќе опции за бегство од жешкиот асфалт. Остануваат Олимпискиот базен, Воениот базен во Аеродром и базенот во рамките на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Раководството на СЦ „Борис Трајковски“ не знае дали воопшто ова лето ќе биде пуштен во функција аква паркот кој минатите лета беше преполн, а граѓаните чекаа во редица за да можат да влезат.

Малкумина скопјани знаат дека на неколку километри од Скопје постои мало, тивко местенце за кафе во природа – езерото Јасика во Долно Лисиче. Покрај самото езеро се наоѓа базен кој, исто така, служи за релаксација и одмор, а работи од минатиот викенд

Најавата за топлотен бран и високите температури на почетокот на месецов сами по себе го наметнаа прашањето за тоа каде скопјани оваа летна сезона ќе можат да избегаат од жешкиот асфалт. Се чини дека градот не нуди голем број опции за тоа. Остануваат Олимпискиот базен и базенот во рамките на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Раководството на СЦ „Борис Трајковски“ не знае дали воопшто ова лето ќе биде пуштен во функција Аква паркот кој минатите лета беше преполн и се чекаше редица за влез.

– Имаме проблеми со Аква паркот кои се од техничка природа. Не знаеме и ние точно кога и дали воопшто ќе биде отворен оваа сезона. Пробуваме да се справиме со проблемите, но ништо не се знае – велат од СЦ „Борис Трајковски“.

Базенот, пак, во рамки на овој спортски центар работи во текот на целата година. Сега се подготвуваат лежалките за да можат капачите да излезат и надвор на сонце. А од другата страна има кафуле каде може да се купат пијалаци за освежување. Овој базен го користат и 21 спортски-пливачки клуб. Базенот е отворен од 7 до 23 часот од понеделник до петок, додека во сабота работи од 7 до 15 часот. Дневниот билет е 300 денари.

Од Олимписки базен „Центар” велат дека и ова лето тој ќе биде перфектно место за рекреација, релаксација и сончање на граѓаните.

– Водата во базенот е со проверен квалитет од Центарот за јавно здравје “Скопје”, има 24/7 електронска филтрација и највисок степен на хигиена. Базенските подови се чистат со специјализирани роботи и има редовен дотур на свежа вода, односно се за перфектно искуство и релаксација – изјави управителот на базенот, Мартин Маневски.

Тој најави дека од 15 јуни (сабота) базенот ќе работи за дневна рекреација од 7 до 17 часот и од 20:30 до 23 часот за ноќна рекреација, додека за пливачките клубови и школите за пливање ќе работи од 17 до 20:30 часот. Тогаш ќе функционира и летната тераса.

– Отворената тераса со бесплатни лежалки и чадори ќе работи од 10 до 17 часот, а во функција ќе биде и шанкот каде посетителите ќе можат да се напијат кафе, да се освежат со сок или сладолед, како и да купат чипс и слично – нагласи Маневски.

Инаку, цената за единечен влез во дневен термин (од 7 до 17 часот) е 400 ден, за ноќен термин е 500 денари, а има и припејд месечни карти со 5, 8, 12 и 16 влеза, со кои граѓаните добиваат поповолни цени.

Отворениот базен во Аеродром или познат меѓу луѓето како Воен базен би требало да профункционира од недела или понеделник.

– Бидејќи се најавува променливо време најверојатно ќе се отвори во недела или понеделник. Се зависи од времето – вели концесионерот на овој базен.

Посетителите на располагање имаат 100 лежалки со чадори кои се наплаќаат 50 денари, а ќе можат да се освежат со пијалаци и да испијат кафе. Во овој базен има и школа за пливачи и тоа од 8 до 10:30 часот, а за рекреативци, базенот ќе биде отворен од 10 до 18:30 часот.

Центата за влез сè уште не е дефинирана, но како што информираше концесионерот, таа ќе биде иста како ланската односно, 300 денари за лицата над 12 години, додека 150 денари за децата до 12 години со придружба.

Малкумина скопјани знаат дека на неколку километри од Скопје постои мало, тивко местенце за кафе во природа – езерото Јасика во Долно Лисиче кое во текот на летната сезона честопати се користи за организирање разни настани, но и за разладување. Покрај самото езеро се наоѓа базен кој, исто така, служи за релаксација и одмор на жителите на Долно Лисиче, а кој работи од минатиот викенд.

Домаќините кои го одржуваат просторот велат дека со зголемувањето на трендот за да се организираат настани на отворено, овој простор во текот на летото е резервиран од млади парови кои сакаат да ја организираат својата свадба, но и често се изнајмува за ергенски и момински забави.

Инаку, базенот работи од 11 до 17 часот, а посетителите можат да се послужат со кафе и разни пијалаци. Додека навечер од 19 часот местото е посетено од повозрасни. Ќе има и ноќно капење, но се чека вечерните температури да се покачат. Базенот може да прими од 50 до 60 капачи, а за сончање на располагање има 10 лежалки, но има и сепариња, како и столови со маси за седење, така што можат да седнат од 70 до Влезот за базенот е 250 денари, а исто толку ќе биде и за ноќното капење.

(А.П.)