Одржан втор општински меморијален турнир „Лука Кртов“

82

Во чест и спомен на ученикот Лука, кој веќе две години не е помеѓу своите другари, во ООУ „Киро Глигоров“ беше одржан вториот по ред општински меморијален турнир во баскет „Лука Кртов“, на кој се натпреваруваа деветтоодделенци од центарските училишта.

– Гледајќи го натпреварот се потсетивме на спортскиот и ведар дух што во себе го носеше младиот Лука. Општина Центар додели медали и пехари на победничките тимови, а родителите на Лука ги наградија најдобрите играчи со ваучери – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.