Цените на индустриските производи во април повисоки за 0,7%

38

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во април се повисоки на месечно ниво за 0,7%, а се пониски на годишно ниво за еден процент, објави Државниот завод за статистика.

Во април  во споредба со март годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи,вкупно, се повисоки за 4,9% во секторот Рударство и вадење на камен, за 1,6% во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за 0,5% во Преработувачка индустрија, а непроменети се во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.

Во април годинава во споредба со април минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторите Рударство и вадење на камен за 0,3% и во Преработувачка индустрија за 1,3%, а се повисоки во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,6% и во Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1,6%.