Додека љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат почетокот на Европското првенство, актерите на најважниот фудбалски настан во 2024 година во последните неколку дена редовно се соочуваат со прашања за тоа кој е прв кандидат за титулата.
Илкај Гундоган, кој ќе ја предводи Германија со капитенската лента околу раката, не се сомнева кој е првиот фаворит за освојување на Европското првенство.
Интересно е што искусниот играч за врска не ја вклучи својата земја меѓу петте најдобри кандидати трофејот, без разлика што ќе играат на домашен терен.
Фудбалерот на Барселона за прв фаворит ја избра Франција, која има навистина страшен тим, па неговиот избор беше донекаде очекуван.
- Франција е пред сите, а по неа се Португалија, Шпанија и Англија, смета Гундоган, кој потоа ја прокоментира својата Германија.
- После неколку слаби настапи ни треба самодисциплина, не се сметаме за прв фаворит, но можеме да одиграме важна улога.
Германија е во многу тешка група со Шкотска, Швајцарија и Унгарија, но сепак се очекува да стигнат до нокаут фазата.
Инаку, Лотар Матеус, кој беше европски првак со Германија во 1996 година, го критикуваше Гундоган и е на мислење дека капитенската лента треба да ја носи повратникот Тони Крос.
- Крос треба да биде капитен, а Гундоган можеше да биде стартер на секој натпревар. Сепак, во последно време секогаш го менуваат по еден час игра. Тоа не е вистински капитен. Можете да видите дека тренерот Џулијан Нагелсман не му верува, па и не ги игра сите 90 минути, иако е одличен играч без оглед на тоа, истакна Матеус.