Атентаторот на Фицо: Не сакав да го убијам, само сакав да го повредам

107

Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фицо, Јурај Цинтула, призна дека пукал во премиерот на 15 мај и му нанел сериозни повреди, но тврди дека не се обидел да го убие и нагласи дека како добар стрелец, целел да не му го загрози животот, пренесуваат денеска словачките медиуми.

Словачката приватна информативна телевизија ТА3 денеска го објави образложението на одлуката со која судот во саботата му одреди притвор на Цинтула, во кое се наведува дека Цинтула изјавил дека му е жал и му се извинил на премиерот што му го загрозил животот испукајќи најмалку четири куршуми во него.

„Тој разбира дека постапил на неприфатлив начин, дека не требало да го повреди повредениот. Подобро да му ја предаде книгата што му ја подготвил. Никој друг не знаеше што планира“, се вели во образложението на одлуката на Специјалниот кривичен суд во Пезинок.

Напаѓачот на премиерот рече дека решил да оди во Хандлова два дена порано, кога од медиумите дознал дека таму ќе заседава словачката влада, со чија политика не се согласува бидејќи се однесува како Јуда кон Европската Унија и Украина, што тој сепак не го кажа пред судот, туку за време на сослушувањето веднаш по атентатот, во состојба на шок и без присуство на адвокат.

Тој на распитот на полицијата и рекол дека само сакал да го повреди премиерот за да мора да си замине од функцијата и дека знаел да пука, па ако сакал да го убие тој ќе бил мртов, а тој внимавал да не повреди никого во групата приврзаници на Фицо, кои премиерот дојде да ги поздрави кога Цинтула пукаше кон него.

Словачката полиција во првите денови по атентатот зборуваше за единствената верзија на истрагата, за осамениот пукач, но подоцна почнаа да ја земаат предвид верзијата дека имал соучесници, а на тоа полицијата ја навел фактот што некој избришал историјата на Фејсбук профилот на Цинтула, а подоцна социјалната мрежа му го избриша профилот и за тоа ги извести словачките власти.

Малку познат поет, симпатизер на некомпатибилни движења и идеи, човек кој неуспешно се обиде да го основа Движењето против насилството, а во исто време се восхитуваше и се сретна со активистите на екстремистичката илегална десничарска паравоена организација „Словачки бранители“, про- Русинот и близок до руските моторџии „Ноќни волци“, Јурај Цинтула, пофали двајца словачки масовни убијци, а еден го оправда затоа што убил Роми, на Фицо сакал да му ја предаде својата книга „Пораката на жртвата“, на која напишал и посвета.

Во атентатот Фицо се здоби со тешки повреди на стомакот и прострелни рани на екстремитетите, во критична состојба бил итно пренесен во болницата во Банска Бистрица и по две операции, дури по викендот состојбата му се стабилизирала, за да можат лекарите да соопштат дека повеќе не е во животна опасност, иако транспортот до болницата во Братислава сѐ уште не доаѓа во предвид.

Јурај Цинтула беше обвинет за обид за убиство со умисла мотивирано од одмазда врз заштитено лице, за што, според законите на Словачка, се заканува со казна од 25 години затвор или доживотен затвор, но обвинителството најави дека може да го преквалификува тоа кривично дело во терористички чин, за кој потоа би му се заканувал доживотен затвор.