Европското фудбалско првенство започна во петокот, а главното прашање е кој ќе го освои трофејот наменет за шампионот на Стариот Континент.

Титулата ја бранат Италијанците кои во финалето во 2021 година ја совладаа Англија, а годинава за подиумот конкурираат неколку репрезентации.

Првиот човек на европскиот фудбал, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, даде свои прогнози за тоа кој има најголеми шанси да се искачи на покривот на Европа.

Словенецот го откри своето мислење за „OneFootball“.

  • Германија, Франција, Англија и Португалија според мене се фаворити. Секогаш велам дека никогаш не треба да ја потценувате ниту Шпанија. Потоа тука се Хрватска, Белгија, а можеби и Данска, рече Чеферин.