По повод 20-годишнината: Спајк Ли подготвува документарец за 11 септември 2001

67

Американскиот режисер Спајк Ли подготвува документарна серија за 20-годишнината од терористичките напади на кулите близначки во САД, кои се случија на 11 септември 2001 година.

Продукцискиот проект е на „Ејџ-би-о“ (HBO), но оттаму засега не соопштуваат кога ќе се емитува серијата. Се знае само дека тоа ќе биде во текот на оваа година. Инаку за потребите на серијата, Ли собрал над 200 изјави од њујорчани и од други граѓани на САД после нападот.

 

Режисерот во минатото веќе соработуваше со „Ејџ-би-о“ и сними документарец за последиците од ураганот Катрина во Њу Орлеанс.

Во 2019 година, тој го освои Оскарот за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Црниот К.К. клановец“ (BlacKKKlansman), а во 2015 доби и почесниот Оскар за животно дело.