Мајкл Џордан за ден ипол прокоцкал речиси еден милион долари

247

Помина нешто повеќе од една година од премиерата на серијалот „Последниот танц“, во кој се раскажуваше приказната за Мајкл Џордан и Чикаго Булс.

Документарецот ја опфати последната сезона на Мајкл Џордан во Чикаго зачинета со освојувањето на шестиот НБА прстен, а се зборуваше и за тоа дека најдобриот кошаркар на сите времиња сакал премногу да се коцка.

Таа приказна ја потврди Антоан Вокер, кој беше гостин во една радио емисија во САД. Поранешниот играч на Бостон, Далас, Мајами и Минесота вели дека Џордан морал да ја одложи прес-конференцијата на која требал да го најави своето прво враќање во НБА. Како причина за доцнењето ја навел партијата карти која траела дури 36 часа. По 36 часа загубиле дури 180.000 долари бидејќи Мајкл буквално неколку пати заспал на масата.

  • Секогаш кога Џордан вложуваше, малку ги зголемуваше влоговите. Тој беше убеден дека секој треба да придонесе за потта на тој начин. Во овој случај, тоа беше игра во кој влогот беше 20.000 долари. Ако немаше пари, не можеше да игра. Во тие 36 часа изгубивме 900.000 долари, откри Вокер.

Покрај тоа, Вокер потсети дека тие не застанале тука. Ним им требале повеќе пари за да продолжат со коцкањето, па Џордан го испратил својот внук да оди кај него и да му донесе уште 500.000 долари што ги имал зачувано во торбата за голф. Кошаркарската легенда особено му нагласила на својот внук за да се осигура дека неговата сопруга Хуанита да не го забележи додека ги зема парите.

  • Заминував од Бостон за неколку дена, така што имав 100.000 долари со мене. Јас секогаш имав пари со мене. Џордан имаше 200.000 долари, но во еден момент неговиот внук мораше да премине во акција, а престанавме да играме само затоа што Мајкл беше уморен, додаде Вокер, кој банкротираше неколку години по пензионирањето.