Казна од 1.100 евра за вознемирување моржови во Норвешка

83

За приближување кон морж за време на обиколка на архипелагот Свалбард, турист ќе мора да плати казна од 12.500 норвешки круни, што е речиси 1.100 евра.

За приближување кон морж за време на обиколка на архипелагот Свалбард, турист ќе мора да плати казна од 12.500 норвешки круни, што е речиси 1.100 евра.

Локалните власти соопштија дека човек „вознемирил морж кој лежел на мразот“. Граѓаните виделе како маж му се приближува на цицачот за да го фотографира и пријавиле кај локалниот гувернер, а „делови од инцидентот биле забележани и од службениците“.

Во Свалбард постои закон кој предвидува луѓето да се однесуваат на начин што не води до непотребно вознемирување на дивите животни. Туристот бил донесен во канцеларијата на гувернерот, каде ја прифатил казната.

„Гувернерот ги охрабрува сите да држат дистанца од моржовите за да не ги вознемируваат или загрозуваат луѓето“, се вели во соопштението на гувернерот.

Моржовите биле ловени практично до истребување на архипелагот Свалбард до 1952 година, кога биле заштитени со закон, според Норвешкиот поларен институт.

И покрај децениската заштита, бројот на моржови во регионот останува низок и тие остануваат на националната црвена листа на Норвешка, која ги идентификува видовите во опасност од исчезнување во европската земја.

Од следната година стапуваат на сила новите правила за моторизиран сообраќај на море, особено насочени кон заштита на моржовите, каде што ќе биде забрането свесно да им се приближува на оддалеченост помала од 150 метри. Ограничувањето на брзината ќе биде пет јазли за секој моторизиран сообраќај на оддалеченост од 300 метри од видно животно.