Денеска, во дворот на Народната и универзитетска библиотека  „Свети Климент Охридски“ во Скопје, граѓаните можеа да забележат како коњ слободно се шета и си пасе. Впрочем, ова не се случува првпат.

Во близина има група чергари кои своите коњи редовно ги тераат на пасење во дворот на НУБ. Во дворот на овој респектабилен објект не забележавме чувар, обезбедување и слично но ги забележавме лепешките од коњите.