Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас (21) посакува да биде најдобар тенисер на сите времиња. Иако, засега има освоено само две гран слем титули, тој верува дека ќе успее да го надмине рекордот на Новак Ѓоковиќ од 24 трофеи.

  • Јас сум амбициозно момче. Знам дека речиси е невозможно да се собори рекордот на Новак кога станува збор за гран слем титулите, но сакам да постигнам големи работи и нормално дека целта ми е да го надминам тој рекорд. Сакам да бидам дел од тениската историја, изјави Алкарас.