Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром без струја

67

Корисниците од улиците „100“, „101“, „102“ и „103“ во населбата Волково во Општина Ѓорче Петров од 9:00 до 10:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ во населбата Драчево во Општина Кисела Вода, а од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче во Општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.