Од утре секој четврток „И јас сум на Водно“

4102

Почнувајќи од овој четврток, од 19 до 23 часот, планинарско-спортскиот клуб „Н2О“ го најавува почетокот на серијалот „И јас сум на Водно“, секој четврток на падините на планината Водно, во планинарски дом „Даре Џамбаз“.

Од ПСК „Н2O“ соопштија дека „И јас сум на Водно“ е проект од едукативен карактер, наменет за сите возрасни групи кој оваа година по четврт пат ќе се одржува по падините на планината Водно, со крајна цел планинарски дом „Даре Џамбаз’ на 1.060 метри надморска височина под врвот „Крстовар“.

Оттаму напомнуваат учесниците да се однесуваат одговорно кон себеси и планината.

– Не фрлајте отпадоци, носете планинарски обувки со непролизгувачки ѓон. Внимавајте каде газите, хидрирајте се и задолжително понесете челна ламба или друг извор на светлина и полн мобилен телефон. Сакајте се себеси и другите. Секој доаѓа на сопствена одговорност – предупредуваат од ПСК „Н2О“ и апелираат на присуство без моторни возила.

Рампата на средно Водно ќе биде затворена.