Во Јадранот уловена уште еден инвазивен вид отровна риба

1368

Во црногорскиот дел на Јадранот, на Луштица е уловен уште еден инвазивен вид риба, а овој пат тоа е инвазивната огнена риба (Pterois miles), пренесува денеска загрепски Вечерњи лист.

„Во нашето море штотуку е уловена уште една инвазивна огнена риба. Ја фати Вања Калезиќ на Луштица во Црна Гора, уловот ќе биде пријавен во нивниот Институт во Котор. Мојата прогноза е дека ова лето ќе имаме најмалку 10 такви пријави во област на јужниот дел на Јадранот, а можеби и средно, сите улови треба да се пријават кај научниците“, напиша Петар Угарковиќ од Институтот за рибарство и океанографија на Фејсбук страницата „Живиот свет на Јадранското Море“.

Според порталот Отворено Море, огнената риба или риба-лав или паун е инвазивен индо-пацифички вид кој е познат како штетник на локалните екосистеми. Познат е по својата исхрана со автохтони видови риби и нејзиното брзо ширење во колонизираните области на Медитеранот. Сите боцки на нејзиното тело се отровни, а при убод има исклучително силна болка, а можни се и посериозни симптоми, па во случај на убод се препорачува посета на лекар. Поради оваа причина, на оваа риба треба да се пристапи со претпазливост, особено ако е фатена за време на риболов.