Во Кина: Откриени нови 16 теракотни фигури стари 2000 години

91

Во Шангдонг, провинција на истокот на Кина, откриени се 16 фигури на војници од теракота стари 2.000 години. Весникот “Кина Дејли” објави дека колекцијата ја сочинуваат обоени фигури откриени во текот на истражувањето, кое започнало минатата година и траело осум месеци.

Активностите започнале со помош на сателитските снимки и снимките од дрон, а се работи за колекција на фигури на војници и послугата. Се претпоставува дека фигурите потекнуваат од периодот на династијата која владеела од 202 г. пр.н.е. до 8 година н.е.).

Интересно е што тие по боја се разликуваат од оние што се изложени во музејот на војската од глина. Лин Џухаи, од Институтот за култура и археологија во Кингадао (провинција Шангдонг), истакнува дека најголем предизвик е да се ископаат фигури, без да се оштети нивната боја. На заштита ќе работат експерти и археолози од сите делови на земјата.

Инаку, теракотната војска беше откриена во 1974 во близина на мавзолејот на првиот кинески цар Шихуанга. На листата на УНЕСКО е ставена во 1987, а колекцијата ја сочинуваат околу 8.000 војници.