КНИГА: “Лота во Вајмар” – одговор на “Страдањата на младиот Вертер”

362

Романот “Лота во Вајмар” на Томас Ман претставува еден вид одговор на познатиот роман “Страдањата на младиот Вертер” од Гете.

Во овој роман, Шарлота Кестнер, жената во која Гете во младоста бил несреќно вљубен и нивната љубовна приказна била инспирација за тој да ја напише својата славна книга, доаѓа во Вајмар за да се сретне со него речиси четириесет години по нивната последна средба. “Лота во Вајмар” претставува живописен двоен портрет, сложена студија за Гете и за Лота.

Во романот, Гете е претставен преку размислувањата на Лота, преку нејзините разговори со оние што го познаваат големиот човек и на крајот преку нејзината директна и конечна средба со Гете.

Книгата поставува бројни важни прашања за односот меѓу реалноста и уметноста, за вистината постигната преку уметноста, за односот меѓу „реалноста“ на реалните личности и „реалноста“ на фиктивните ликови, и за комплексната позиција на генијот во општеството.