ДОДЕЛЕНИ “ЗЛАТНИ МАЛИНИ”: Доналд Трамп прогласен за најлош актер

68

Во пресрет на доделувањето на Оскарите во Лос Анџелес, се одржа манифестација за доделување на наградата “Златна малина”, а Доналд Трамп ја доби “наградата” за најлош актер. Тој освои “Златна малина” за најлош актер во два документарни филма: “Смрт на една нација” од конзервативниот режисер Динеш Д’Сузе и во “Фаренхајт 11/9” на либералниот Мајкл Мур.

Филмот што доби најмногу Златни малини е остварувањето “Холмс и Вотсон” на Итан Коен.

Наградата за “Златна малина# се доделува за најлошите филмски остварувања, а беше воведена во 1980 година како спротивност на Оскарот.