Каталонскиот ракометен гигант Барселона, избегна прв пораз на гостувањето кај Кил (30:30) во седмото коло од тековната Лига на шампиони. Каталонците одиграа доминантно во првиот дел кај „зебрите“, но се опуштија во продолжението и дозволија противникот да се избори за бод.

Без пораз во новата сезона продолжи и Веспрем, кој имаше мали проблеми, но го доби домашниот меч против ППД Загреб (32:28). „Плинарите“ беа во игра за бодови кај големиот фаворит до самата завршница, во која до израз дојде подолгата клупа и искуството на тимот предводен од Момир Илиќ. Прво име кај победникот беше Петар Ненадиќ со шест гола.

Бундеслигашот Магдебург ја оправда фаворитската улога и со 41:36 славеше против Порто. Дуелот во Германија беше еднонасочен, уште од стартот Магдебург се наметна и се одлепи, па португалскиот колектив немаше сили да се врати. Македонскиот репрезентативен голман Николче Митревски собра пет интервенции, но и тоа не помогна Порто да го претрпи седмиот пораз во исто толку натпревари.

Киелце на домашен терен го совлада Елверум (37:33), додека Динамо Букурешт запиша трета сезонска победа, откако на домашен терен славеше против Висла Плок (32:27).