КРАЈ НА СЕРИЈАТА НА ВЕРСТАПЕН: Пол-позиција за Леклер во Монте Карло

41
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја обезбеди пол-позицијата за трката во Формула 1 во Монте Карло, бидејќи беше најбрз во денешните квалификации.

Домашниот возач го имаше најбрзиот круг (1:10.270) и ја прекина рекордната серија на актуелниот шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен од осум последователни пол-позиции.

Второто место му припадна на Австралиецот Оскар Пјастри од Мекларен, а третото на Шпанецот Карлос Саинц од Ферари ги заврши квалификациите на шестото место. Трката во Монте Карло стартува утре во 15 часот.