Историската трка во Мизано, прва од новоформираното Светско првенство во мотоцикли за жени, не заврши добро за Мија Рустен. Норвежанката била пренесена во најблиската болница во Чезена откако паднала на патеката на седум круга пред крајот на трката. Таа била ставена во индуцирана кома со итна интервенција на лекар, пренесува порталот „The Race“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @worldwcr

Пријавено е дека се здобила со „политраума“, што значи со повеќе тешки телесни повреди, а нејзината состојба е опишана како „моментално стабилна“.