Сите се еднакви пред законот:Гвинет Палтроу ќе се појави пред американскиот суд поради тужба за скијачка несреќа

1252

Актерката Гвинет Палтроу треба денеска да се појави пред американскиот суд за наводно тешко повредување на маж во скијачка несреќа во Јута во 2016 година.

Американската актерка е тужена од пензионираниот офталмолог Тери Сандерсон, која тврди дека Палтроу скијала „целосно неконтролирано“ и го удрила на падините во одморалиштето Deer Valley во Парк Сити, Јута.

Сандерсон тврди дека Палтроу се судрила со него „соборувајќи го, што резултирало со повреда на мозокот, скршени ребра и други сериозни повреди“.

Во вторник се очекуваат воведни зборови на судењето на кое ќе присуствува и поротата, а постапката треба да трае осум дена.

Локалните медиуми јавуваат дека Палтроу и членовите на нејзиното семејство ќе се појават на сослушувањето и дека актерката ќе сведочи.

Сандерсон сега бара отштета од 300.000 долари, откако претходното барање за 3,1 милион долари беше отфрлено.

Тој претходно објасни дека тужбата ја поднел дури по три години бидејќи имал проблеми со адвокатите и затоа што не можел нормално да функционира поради потрес на мозокот.

Подоцна Палтроу поднела противтужба, тврдејќи дека Сандерсон ја удрил во ски-центарот.

Актерката рекла и дека толку била потресена од судирот на скијачката патека што тој ден повеќе не скијала со семејството. Таа додаде дека Сандерсон и се извинил и рекол дека е добро.