EPA-EFE/Remko de Waal

Седумкратниот шампион Луис Хамилтон ниту оваа сезона нема да дојде до толку посакуваната осма титула во Формула 1, барем ако се суди според првите две трки во новата сезона кои доминантно ги освоија возачите на Ред Бул.

Пилотот на Мерцедес по трката во Саудиска Арабија изјави дека болидот на Ред Бул е најбрзиот што некогаш го видел. Британскиот возач втората трка сезонава ја заврши на петтата позиција.

Дефинитивно никогаш не сум видел болид толку брз. Кога бевме брзи, не бевме толку. Тоа е најбрзиот болид што сум го видел. Не знам како, но Верстапен ме одмина со сериозна брзина, а јас не можев ниту да изреагирам за да го изблокирам, бидејќи имаше огромна разлика во брзината. Сите сакаат да видат тесна борба, но реалноста е поинаква. Не е мој проблем, не сум јас виновен, изјави Хамилтон.

Британецот додаде дека целиот тим треба уште многу да работи за да ги постигне резултатите на Ред Бул.

-Сè уште сме далеку, далеку од Ред Бул. Дефинитивно е чудно да се види Ферари зад нас и тоа е позитивно за Мерцедес. Сега тоа беше поинаква површина и навистина не разбираме зошто на оваа подлога нашиот болид работи на поинаков. Се надеваме дека ќе го подобриме болидот што е можно поскоро и ќе се обидеме да го намалиме тој јаз со Астон Мартин, заклучи Хамилтон.

Следната трка ќе се вози на 2 април кога на програмата е Големата награда на Австралија.