epa10412427 Rafael Nadal of Spain walks off after losing his match against Mackenzie McDonald of the USA during the 2023 Australian Open tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 18 January 2023. EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Рускиот тенисер Данил Медведев беше свесен дека не одиграл најдобро во финалето на мастерс турнирот во Индијан Велс, кое го загуби од Шпанецот Карлос Алкараз со 6:3, 6:2, по само 72 минути игра.

– Не играв најдобро што можев. Се случува. По мојата победа над Новак во Дубаи, го кажав истото – добро се снаоѓав, но Новак не играше на своето највисоко ниво. Зошто не играв најдобро што можев? Не знам. Можеби заради неговата топка, можеби заради ветрот, полесно е тој да помине низ ветрот заради стилот на играта. Јас ги немам вистинските причини, понекогаш тие не постојат во тенис, рече Медведев, а потоа додаде:

– Се разочарав од финалето, но задоволен сум од резултатот – горд сум на ова финале, затоа што ова е пораз на бетон, и ова е добар резултат за мене. Освоив многу поени и со нетрпение го очекувам Мајами.

После оваа изјава следеше шоу на рускиот тенисер кој ја спореди забраната за влегување во Америка на Новак Ѓоковиќ со повредата на Рафаел Надал, а истакна и дека Алкараз е вистинскиот број еден во тенисот.

– Мислам дека Алкараз е вистинскиот број еден. Не е добро што Новак не може да игра на сите турнири, сигурен сум дека сите би сакале да играа затоа што секогаш сакаат да го видат на теренот. Но, така е. Ако се повредите, истото е … можеме да кажеме: „Ако Рафа не беше повреден, можеби ќе беше број еден“. Не знаеме, затоа што тој беше повреден. Исто е и со Новак. Ако тој можеше да игра на сите турнири годинава, поредокот на АТП листата сигурно ќе беше поразличен. Но Карлос е заслужен број еден затоа што освои повеќе поени, така што системот работи – заклучи Данил Медведев.