Сабицер – замена за Ериксен

60

Репрезентативецот на Австрија и фудбалер на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Марсел Сабицер, ќе го одработи вториот дел од актуелната сезона како позајмен играч во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед. Одличниот играч за врска е ангажиран како замена за данскиот интернационалец Кристијан Ериксен, кој се повреди и мора да паузира во следните три месеци. Јунајтед нема право да го откупи неговиот договор.