Нуредини: Предлог законот за заштита на Кањонот Матка усвоен од Владата, влегува со собраниска постапка

86

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата.

-Со конечното усвојување, после долг период постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство – вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Со донесувањето на Законот, ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на овој еко-систем.