Руски новинар осуден на 8 години затвор за омаловажување на руската армија

37

Судот во Москва денеска осуди руски новинар во отсуство на осум години затвор под обвинение за омаловажување на армијата, пренесува АП.

Телевизискиот новинар Александар Невзоров, некогашен пратеник во Парламентот, беше осуден за ширење лажни информации за војската според законот усвоен бргу откако Русија ја нападна Украина.

Со законот се казнуваат сите кои имаат критички став кон руската акција во Украина, а можни се казни и до 10 години затвор.

Невзоров беше обвинет за ширење неточни информации на социјалните мрежи за руското гранатирање на породилиштето во Мариупол, додека официјална Москва категорично демантираше такво нешто.

Тој ја напушти Русија веднаш по почетокот на украинскиот конфликт и засега не ја коментира пресудата.