
Поранешната ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ и во следната сезона ќе биде дел од словенечкиот шампион Крим Меркатор, кој минатиот викенд избори осминафинале во Лигата на шампионите.
Радиччевиќ во редовите на Крим пристигна на почетокот на оваа сезона од Кастамону. Црногорката по Европското првенство 2022 ја заврши репрезентативната кариера и одлучи да се посвети само на клупските настапи.
Според словенечкиот „Дело“, поранешната ракометарка на Вардар, Тамара Мавсар, како и нејзината репрезентативна колешка Нина Жулиќ во следната сезона ќе имаат камбек во редовите на Крим.