Министерката Петровска пристигна во Украина

20

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и зачувување на својот суверенитет.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово пристигна во посета на Украина, во знак на поддршка на украинското лидерство и украинските граѓани во борбата за одбрана на својата земја и

Петровска во Украина при средбите со претставници на официјален Киев, соопштија од МО, ќе го пренесе ставот кој Северна Македонија го имаше од самиот почеток на руската агресија, а тоа е дека Северна Македонија целосно го поддржува украинскиот суверенитет во своите меѓународно признати граници и дава поддршка на правото на Украина за самоодбрана. Воените дејствија, уништувањата и страдањата на украинскиот народ, се наведува во соопштението од МО, мора веднаш да запрат.

 Како што е најавено, министерката Петровска во Украина лично ќе се запознае со последиците од уништување и разорување предизвикани од руската агресија, а од претставниците на официјален Киев одблиску ќе се информира за состојбата на теренот.