Почнете да си легнувате навреме и грижите ќе ги снема: Здравствени проблеми кои можете да ги решите-со спиење

315

Добриот сон е исто толку добар за вашиот изглед, како и за вашето здравје, бидејќи служи и како форма на превенција против голем број здравствени проблеми.

Сонот може да помогне во совладувањето или ублажувањето на следниве седум здравствени проблеми или состојби.

Проблеми со тежината

Една нова студија покажа дека и децата и возрасните кои спиеле подобро консумирале помалку калории и помали порции од оние кои биле лишени од сон. По ноќта без добар сон, луѓето се повеќе склони кон нездрава „брза храна“.

Ризик од дијабетес

Со хроничен недостаток на сон, се зголемува и ризикот од дијабетес тип 2.

Намалено либидо

И мажите и жените се помалку заинтересирани за секс кога се лишени од сон. И тоа не е само затоа што се уморни, тоа е поврзано со хормоните. Истражувањата покажаа дека мажите кои биле лишени од сон имале пониски нивоа на тестостерон.

Лоша меморија

Иако лошиот сон има лош ефект врз меморијата и учењето, добрата вест е дека дури и кратката попладневна дремка позитивно влијае на меморијата, фокусот и будноста.

Чести настинки

Луѓето кои спијат осум или повеќе часа дневно имаат три пати помал ризик да настинат од оние кои спијат помалку од седум часа секоја вечер.

Ризик од мозочен удар

Истражувањата покажаа дека луѓето кои спијат помалку од шест часа дневно имаат четири пати поголем ризик од мозочен удар.

Ризик од рак

Друга студија покажа дека жените кои имале рак на дојка и спиеле шест часа или помалку имале поголем ризик од повторување и поагресивен облик на рак. Студијата покажала дека испитаниците на кои им бил дијагностициран рак на дебелото црево се оние кои спиеле во просек по шест часа или помалку.