Дома МАКЕДОНИЈА Две лица завршиле во болница со тешки повреди откако нивното возило излетало...

Две лица завршиле во болница со тешки повреди откако нивното возило излетало од патот кај парк шумата во Гази Баба

133

Во 03 часот по полноќ било пријавено дека во Скопје, на улица 16 Македонска бригада, на влез-излез од парк-шума Гази Баба, патничко возило хонда со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(23) од Скопје, излетало надвор од патот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.