Папата Франциск именуваше 21 кардинал од 4 континенти кои ќе одлучуваат за изборот на неговиот наследник

128

Дипломати, блиски советници и луѓе на терен – поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска именуваше 21 кардинал од четири континенти, од кои повеќето еден ден ќе бидат повикани да го изберат неговиот наследник.

Во католичката црква во целосна рефлексија за сопствената иднина, профилите на тие „унапредени“ кардинали ги одразуваат приоритетите поставени од аргентинскиот папа Хорхе Бергољо, кој постепено формираше „помалку западен“ Свет колеџ на кардинали.

Церемонијата на именувањето како дел од деветтиот редовен конзисториум од изборот на аргентинскиот језуит папа во 2013 година се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим.

Новите кардинали во црвени одежди клекнаа пред папата за да ги добијат своите нови обележја – капата со четири агли и кардиналскиот прстен.

„Храброст!“ и „Напред!“, им порача Папата со насмевка и во знак на охрабрување пред неколку илјади собрани верници.

Од 21 кардинал, 18 се помлади од 80 години и ќе учествуваат на конклавата, состанок што се одржува за избор на нов папа.

Папата им рече на кардиналите дека Светиот колеџ е како симфониски оркестар каде суштината е различноста и каде секој музичар мора да ги слуша другите.

„Тој (Франциск) бара кардинали кои одговараат на времето. Тоа се луѓе кои сите направија чекор во однос на Црквата од минатото, кои позитивно обезбедуваат прекин на тој однос“, рече експерт од Светата столица за АФП.

Според него, на папата му се допаѓаат епископите кои се во акција.

На тој начин, списокот на нови кардинали од 15 националности ги одразува регионите каде што Црквата се проширува, како што се Латинска Америка и Африка, со промоција на архиепископите на Џуба (Јужен Судан), Кејп Таун (Јужна Африка) и Табора (Танзанија).

Азија, чија застапеност се зголеми за десет години, ја претставува бискупот од Пенанг (Малезија) и Хонг Конг, Стивен Чоу Сау Јан, за кој се смета дека може да одигра важна улога во подобрувањето на тешките односи меѓу црквата и Пекинг.