Пејачот Никола Роквиќ нападнат од глутница бесни кучиња – Готово, ќе ме изедат!

4023

Женката беше најагресивна, со искривени заби. Бев во многу страшно лоша ситуација…Нападот траеше неколку минути, пробав сè и ништо не вредеше…         Се обидов да се одбранам со стаповите, но кучињата не се откажаа

Пејачот Никола Роквиќ, кој е прилично обожуван и од македонската публика, продолжува со своето свето пешачење низ Србија, Македонија и Грција.                    Тој повторно се огласи пренесувајќи ги впечатоците од теренот.

Роквиќ ги известил сите дека парите се собрани, над 20 илјади евра, со цел да ѝ се помогне на Детската онкологија во Ниш, а дека многу пари донираше и светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Тој раскажа и за една неодамнешна многу страшно лоша ситуација со бесни, нервозни и гладни кучиња, но за среќа успеа да се спаси.

– Денот ми започна многу радосно, но некаде на половина пат среде пустош, налетав на глутница кучиња-скитници…  На овој пат и онака секојдневно среќавам кучиња, навикнат сум на нивното лаење поради мојот ранец и стапови, но повеќето умеат да ме следат пријателски со километри… Вчера беше поинаку… Веќе на самиот старт забележав дека не се ни најмалку пријателски расположени кон мене. Една нервозна женка нервозно ги покажа забите откако поминав покрај неа и почна да ме напаѓа…   –  Другите кучиња тргнаа по неа… Се обидов да се одбранам со стаповите, но кучињата не се откажаа. Во еден момент помислив, ќе скокнам врз нив и ќе тргнам во противнапад, со силно дерење и ’ржење на нив, мислејќи дека така ќе ги уплашам. Истиот момент буквално почнува борбата за живот. Нивниот бес кон мене стануваше сè поголем и поголем… Ме напаѓаа од сите страни. За среќа, не ми беа зад грб, па некако успеав да ги сопрам со стаповите…

6-7 од нив продолжија да трчаат кон мене, ги гризеа стаповите и не се откажуваа. Женката беше најагресивна, со искривени заби. Бев во многу страшна ситуација…Нападот траеше неколку минути, пробав сè и ништо не вредеше… Реков готово, ќе ме изедат. Во еден момент не знам од каде ми дојде, со мил глас им реков: Мир, мир, добро е, сè е во ред, доста е…

Смирено и понизно направив движења со телото како да ќе се наведнам, да ги замолам за мир! Во секунда сите кучиња ги наведнаа главите и ушите истовремено, а нападот престана. Фала Богу, сè помина како што помина! Ова за мене беше нова научена лекција. На гнев никогаш не се оди со гнев… Само МИР! Од тој момент токму тоа ми одекнува во главата… Мир за сите!… Приклонете ги своите глави пред Господ. Слава и фала на Бога, раскажа популарниот пејач.