Навредениот тато Здравко со кренат прст е ифрит лут: „Постојано со Уна се расправам, а не можам да ѝ забранам“!

324

Ќерката на популарниот пејач повторно се соблече!

Момците на нејзината возраст, а често и коментираат и постари мажи, под тие провокативни фотографии: „Девојко, грмиш, да дојдам да се забавуваме“, „Ауууу, каква риба си Унаааа“, „Ќе те голтнам“,  „Убавицо, внимавај на мене целиот ме изгоре“, “Уна биди ми сопруга“…

Децата на популарните личности, а особено на пејачите, честопати знаат да бидат многу непослушни, своеглави, па дури и безобразни. Речиси таква е Уна, згодната постара ќерка на мегапопуларниот поп-пејач Здравко Чолиќ. Таа постојано на социјалните мрежи објавува свои разголени фотографии со што до лудило го доведува тато Здравко, но и посилниот пол, кој пак, е воодушевен од нејзината физичка убавина.

Момците на нејзината возраст, а често и коментираат и постари мажи на Уна, под тие нејзините провокативни фотографии: „Девојко, грмиш, да дојдам да се забавуваме“, „Ауууу, каква риба си Унаааа“, „Ќе те голтнам“,  „Убавицо, внимавај на мене целиот ме изгоре“, „Горам по тебе“, „Да знаеш само што би ти правел, затоа дојди во мојот кревет“, „“Пушти срце, па пресечи ја дилемата, ова лето да одиме заедно на море во Будва“, „Уна, биди ми сопруга, сакам дете со тебе“….се само еден многу мал дел од жешките коментари. Уна не им одговара, само си ги чита и прибира машки поени за својот изглед.

И во едно од претходните интервјуа, навредениот и ифрит лутиот Здравко Чолиќ истакна дека воопшто не му се допаѓа тоа што Уна позира во провокативни секси-изданија на Инстаграм.

-Се расправам со неа, постојано. Бидејќи тоа што го прави ни најмалку не ми се допаѓа. Очигледно дека не можам да ѝ забранам, таа е таква, си тера по своето. Што да и правам, полнолетна е, нека мисли со главата. До каде ќе дотера, ќе видиме. Само да не навлече на себе некој идиот, некој манијак, некој силеџија, некој парољубец, некој измамник, а таквите деноноќно демнат на интернет.

Јас, на пример, како популарна личност, никогаш не сум бил таков да сакам да се сликам. Се држам до тоа, колку помалку со сликите, толку подобро. Само што морам и тоа да го правам, поради самата моја естрадна работа.

Уна, на социјалните мрежи има се повеќе обожаватели. До сега привлече внимание на повеќе од 50 илјади следбеници и тоа најчесто мажи. Важи за сериозна инфлуенсерка. -Има и жени, има и девојки, повеќемина се воспитани, кои ми пишуваат, вели Уна, и ако се некои со сомнителна сексуална ориентација. Таквите женски веднаш ги блокирам!                                                                                                                Уна е постара и има помлада сестра Лара. А, двете се возрасни ќерки на нашиот пејач, од бракот со Александра Чолиќ, неговата законска сопруга која „ни за жива глава“ не се појавува во медиумите. Жената е повлечена и речиси некомуникативна со (нас) новинарите.   Д.М. фото:архива