Отстранета диво поставена ограда во Кучевишка бара 

363

Во заедничка акција со МВР, е отстранета диво поставена ограда во населеното место Кучевишка Бара и овој обид за узурпирање на државно земјиште е веднаш санкциониран.  Од Општина Бутел велат дека никој не смее да биде над законот.

– Лицето кое ја извршило оваа узурпација оштетило општинска табла и истата ја злоупотребило рекламирајки свои ислуги. И за овој чин, во корелација со МВР ќе бидат поднесени и соодветни пријави – соопштија од Општина Бутел.