Македонската ракометна репрезентација го одработи и последниот тренинг пред вечерашниот прв натпревар во рамките на Европското првенство што за првпат се одржува во три земји.

„Црвено – жолтите“ вечерва од 20:30 часот ќе го одиграа првиот меч од групната фаза против селекцијата на Украина, а нашите ракометари на денешниот тренинг ги одработија последните подготовки.

Инаку, Македонија се наоѓа во Групата Б заедно со репрезентациите на Украина, Австрија и Чешка.

ФОТО: Петр Стојановски