Челниците на НБА лигата објавија како стојат играчите по второто пребројување на гласовите за Ол-стар натпреварот, што ќе се одигра на 16 февруари во Чикаго.

По првото пребројување водеше Лука Дончиќ, но сега Леброн Џејмс го презеде водството со 3.359.871 гласови, додека Дончиќ сега е втор на Западот со 3.277.870 гласови. Следен е Јанис Антетокумбо кој остана водечки играч во Источната конференција со 3.259.383 гласови.

Кошаркарите со најмногу гласови од Западната и Источната конференција ќе бидат капитени на нивните екипи и тие ќе го изберат составот со кој ќе играат на натпреварот. Остатокот од тимот ќе се состои од тим формиран од комбинација на гласови од навивачи и избор на тренери во НБА лигата. Капитените ќе ги изберат своите играчи.

Ако Дончиќ не е капитен, тогаш треба да се случи чудо што тој не игра на Ол – стар натпреварот кој е вистинска атракција во НБА лигата.

Што се однесува до натпреварите кои се одиграа во најсилното клупско кошаркарско натпреварување, постигнати се следните резултати: Детроит – Кливленд 112:115, Филаделфија – Бостон 109:98, Минесота – Портланд 116:102, Оклахома – Хјустон 113:92.