„Карпош рапид 2024 “ во хотелот „Александар палас“

    33

    Во организација на Општина Карпош и ШК „Гамбит Ассеко СЕЕ“, в недела, со почеток во 10:30 часот, во хотелот „Александар палас” во Скопје ќе се одржи викенд шаховски турнир „Карпош рапид 2024 “.

    Играчите можат да се пријават за турнирот најдоцна до недела, до 10 часот. Потврдувањето на присуството на турнирот ќе започне во 9 и ќе трае до 10 часот.

    Се молат играчите без ФИДЕ-код да се пријават најмалку еден ден порано, со уплатница од 300 денари, согласно со важечка одлука на ШФМ.

    Општина Карпош го поддржува овој шаховски турнир со фонд од 150. 000 денари. Турнирот е од отворен карактер и може да се пријави секој заинтересиран шахист без оглед на категоријата, титулата или местото на живеење.